Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 август 2013
Обврската на фудбалските лигаши е да обезбедат снимка од натпреварот кој го играат на домашен терен, па поради тоа за секој натпревар се снима. Велешкиот второлигаш Борец средбите ги игра на помошното игралиште оти Градскиот стадион е во лоша состојба и најавено е негово реновирање. Затоа е изградено градежно скеле високо околу три метри. Организаторот и изведувачот го поставиле ама заборавиле да изградат пристап до платформата, нема скали.
Така за да може да снима, младиот Иван Камчев мора да се снаоѓа како знае и умее, со помош на гимнастика. И покрај неговите укажувања по првиот натпревар со Зајас, дека се потребни скали, нив ги немаше и на средбата со Скопје. Затоа скапата опрема ја качува и симнува со судни маки а тој има дополнителен час по гимнастика.
Tweet |